АПИТЕРАПИЈА-ЛЕКУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДИТЕ ОД ПЧЕЛА
(МЕД, МАТИЧЕН МЛЕЧ, ПОЛЕН, ПРОПОЛИС)
Велиме дека најголемо богатство е здравјето, но едноставно нешто што е поскапо од здравјето е болеста: лекари, лекови, боледовања, болки, диети итн.. Затоа е неопходно да се направи се за да се зачува сопственото здравје. Неопходно е постојано да се негува, одржува и подобрува.
Пчелните производи: МЕДОТ, МАТИЧНИОТ
МЛЕЧ, ПОЛЕНОТ И ПРОПОЛИСОТ се најблиску до посакуваното совршенство за здрава храна. Тие го заштитуваат човекот од многубројни заболувања, а при евентуална болест помагаат за поскоро излекување. Затоа се препорачува секој ден во исхраната да внесуваме мед, матичен млеч, полен и прополис, поради нивната хранлива вредност, енергетско богатство и лесна сварливост.
МЕДОТ е најстара храна-лек. За него постојат записи од ТЕБА кои датираат од пред 4000год. п.н.е.. Старите египјани го користеле за лекување рани, а во Индија се користел како еликсир за подмладување. Медот е составен од природни шеќери, ензими, аминокиселини, важни олигоелементи и витамини Ц, Д, Е, ѝ е особено богат со витамини од Б комплексот. Тој е природен антибиотик и антисептик. Медот е двапати посладок од шеќерот и се употребува за засладување на разни храни и напитоци.
Употреба: Две-три (2-3) лажици дневно. Се препорачува да не се проголта веднаш туку да се држи во устата и да се отопува постепено. На овој начин директно се апсорбира во крвта.
МАТИЧНИОТ МЛЕЧ го нарекуваат природен еликсир, тој е најважен пчелин производ - густа млечно бела супстанца (кралско желе) со светло кафеав прелив. Овој пчелин производ служи за исхрана на матицата, која благодарение на млечот живее до 8 год., а обичните пчели живеаат од 2 до 6 месеци. Тој содржи вода (65%), белковини (аминокиселини), ензими, хормони (15-20%), шеќери, декстрин (18%), масти , незаситени есецијални масни киселини (5-6%) минерални материи (1%), патеинска киселина, фолна киселина и богатство од витамини (Б1, Б2, Б6, Б12, Ц, Д, Е и други). МЛЕЧОТ има антибиотско, антисептичко, антивирусно и антигливично дејство. Тој е единствена природна материја што содржи ацетидхолин, кој ги одржува виталните органи и функции. Неговата заслуга е намалување на лачењето адреналин хормон на стресот и на стравот. Со многубројни студии е докажано дека млечот има навистина извонредно значење за полесно закрепнување и лекување на многу заболувања (на црниот дроб, панкреасот, бубрезите, белодробните и стомачните заболувања, кожата, коскено-зглобните органи, крвните садови, заразните и малигните заболувања). Исто така ги подобрува апетитот и крвната слика. Подобрувајќи ја здравствената состојба млечот влијае и на менталното здравје. Особено е корисен за постари лица, деца, бремени жени и за доилки.
Кај нас можете да го најдете во кристализиран мед и во мешавина со мед, полен, прополис и млеч.
Употреба: Наутро на гладно и навечер пред спиење се зема по една кафена лажичка (пластична или дрвена) млеч и се топи во уста. Теглата треба да се чува на темно место и на собна температура.
ПРИРОДНИОТ ПОЛЕН (Цветен прав): Благотворно влијае на органите за варење, на жлездите со внатрешно лачење, на работата на срцето и мозокот. Помага во отстранување на заморот, дејствува позитивно на циркулаторниот и нервниот систем, за надминување на стресот и депресијата. Го подобрува либидот кај двата пола, а кај мажите ја подобрува потенцијата. Помага при воспаление на простатата и јајниците, зголемен крвен притисок, зголемено ниво на шеќер во крвта, ноќно мокрење кај деца, анемија, цироза, артериосклероза и др..
Употреба: Многубројните дејства на поленот битно се засилуваат ако истовремено се земаат со мед и матичен млеч. Болните од дијабетис мелитус земаат полен со чај или млеко.
ПРОПОЛИС (капки) помагаат при воспалението на грлото, забоболка, парадентоза, воспалени непца, бронхитис, гастритис, изгоретини, кожни заболувања, астма итн..
Употреба: Се зема до 20 капки дневно во лажиче мед, шеќер, млеко, чај. Деца за секоја година по една капка ( пр. за 5 год. по 5 капки или пр. за 10 год. по 10 капки).
ПРОПОЛИС (маст) лекува херпес, хемероиди, егземи, фитилиго.
Употреба: Лесно премачкување во тенок слој.
ПЧЕЛИН МЕД
СПИРКОСКИ МАРИЈА, ИЛИЈА И АЛЕКСАНДАР
KОНТАКТ: (+389) 071 521-372 и 075 718-041