23/03/2026
ПРОИЗВОДИ ПОД САЧ, СО ЉУБОВ: ПРИКАЗНАТА НА БИЉАНА ЛАЗАРЕСКА
👩⚕️Приказната на Биљана Лазареска, родена во Битола а мажена во Ресен, започнува со одлука да создаде нешто свое – "нешто" што сите го сакаат, а ретко кој го подготвува. Инспирацијата ја пронашла во традицијата и спомените поврзани со подготовката на ѓомлезе, кои прераснале во нејзината животна приказна.
🗣„Овој автентичен деликатес одзема многу време и енергија - потребно е труд, искуство, внимание и љубов за да биде убаво и вкусно направен - раскажува Биљана.
"Сите го сакаат а ретко кој сака да го прави“- беше мислата на која оваа вредна жена го изгради целиот свој концепт.
➡️Со едноставни состојки- брашно, кисело млеко, сол, вода и многу трпение, Биљана почнала да прави ѓомлезе, креирајќи свои стандарди. Нејзиното ѓомлезе добило повеќе варијации, а понудата постепено се проширила и со питулици и флија, задржувајќи ја традицијата и прилагодувајќи се на современите вкусови.
🗣„Производи кои ги изработувам се класично традиционално ѓомлезе, посно и мрсно, питулици со сирење и лук, праз, лук и ореви..., ѓомлезе полнето со сирење, со маслинки... Правам и флија, каде корите наместо со масло се премачкуваат со кајмак, кисело млеко и масло, а интересни се и ѓомлезиња од интегрално брашно.
Паралелно со работата и евидентниот успех кој се броеше со испразнети тепсии, растеше и нејзината љубопитност.
🐌„Преку пријателката Весна од Охрид и лепчето од кисело тесто кое го обожавам, разбрав и се запознав со Slow Food Macedonia и им се придружив.“
Слоу Фуд филозофијата совршено се вклопи во нејзиниот начин на работа. Бавно производство, посветеност и предноста на квалитет пред квантитетот. Така Биљана почна да учествува на настани што ги организира Слоу Фуд, и за брзо време стана претпознатлива: нејзините производи речиси секогаш се распродаваат до последното парче. И секогаш се бара-уште.
🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.
Ние НЕ консумираме.
Ние избираме.
Ние сме Слоу Фуд
Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.
Придружи ни се!
Биди и ТИ дел од Слоу Фуд
https://shorturl.at/umRpg
✅️Слоу Фуд има вредни и инспиративни луѓе кои посветено ја прикажуваат големината на човекот преку културата на храна.
#ИјасСумСлоуФуд #ХранаЗаПромени #СлоуФудМакедонија