30/05/2026
Колку долго треба кожата да ви биде сува, оштетена и иритирана пред да кажете „е доста е“?
Јас пробав скоро се — какви се не медицински сапуни, pH неутрални, креми и лосиони … и секогаш исто: кратко подобрување, па пак катастрофа.
Решение: направи си сапун сам! 😅
Pure Adonis сапунот е направен од внимателно избрани природни состојки: маслиново масло, свинска маст, кокосово масло, рицинусово масло и избрани етерични масла добиени со природна дестилација. Без агресивни хемикалии. Без вештачки парфеми штетни за хормоните и тироидната жлезда.
Времето на изработка е околу 8 недели. Едноставна и природна формула што ја негува кожата и и помага да се врати во својата рамнотежа.
Pure Adonis сапунот е инспириран од грчката митологија — симбол на природна, чиста убавина, на која и боговите не останале рамнодушни.
Во моментов сапунот е во тест фаза и е даден на околу 20 луѓе за проба.
Ако сакате да пробате и вие, пишете ни порака.
Наскоро ќе биде достапен и за продажба.