Eko-Rosales Bogdanci

Eko-Rosales Bogdanci Еко-Росалес се занимава со производство на слатко од диви смокви.
Тел:
📞 070-371-684
📞 071-654-940

26/05/2026
👏👏👌
23/05/2026

👏👏👌

Годинава фестивалот на диви смокви во Valandovo повторно помина во прекрасна атмосфера, исполнета со многубројни посетит...
23/05/2026

Годинава фестивалот на диви смокви во Valandovo повторно помина во прекрасна атмосфера, исполнета со многубројни посетители, музика, традиционални игри и богата културна програма. Настанот уште еднаш покажа дека традицијата и локалните вкусови се вистинско богатство на југоисточниот регион.

Посебен белег на фестивалот даде здружението Eko Rosales, кое заедно со Slow Food Valandovo активно работи на зачувување и промоција на дивата смоква и традиционалните производи од Богданци, Валандово, Дојран и Гевгелија.

Со настапите на музичките и фолклорните групи, песната и играта внесеа топлина и радост кај сите присутни, а мирисот и вкусот на слаткото од диви смокви ја раскажаа приказната за традицијата што со генерации се негува во овој крај. Фестивалот уште еднаш покажа дека југоистокот на Македонија има што да понуди – автентична храна, култура, гостопримство и заедништво.

Slow Food Macedonia

22/05/2026

СВЕТОТ НА СЛОУ ФУД ВО СОЛЗИ: ПОЧИНА КАРЛО ПЕТРИНИ

Карло Петрини, италијански визионер и основач на движењето Слоу Фуд, почина на 76 години во својот роден град Бра, Италија, оставајќи неизбришлив белег во светот на храната и културата.
Познат како инспиративен лидер и борец за културата на храната, Петрини го посвети својот живот на заштита на заедниците, природата и човековите вредности. Во време кога светот се движеше кон брза, индустриска и стандартизирана храна, тој го крена гласот за важноста на локалното производство, традиционалните рецепти и поврзувањето на луѓето преку храната.

Карло Петрини е татко на Слоу Фуд, го создаде меѓународниот собир Тера Мадре и беше иницијатор за создавање на Универзитетот за гастрономски науки во Поленцо.
Преку овие иницијативи, тој ја промовираше добра, чиста и правична храна, поврзувајќи земјоделци, занаетчии, готвачи, активисти и млади луѓе, ширум светот.
Неговата работа го инспирираше глобалното движење кое се залага за одржлива и етичка храна како начин за зачувување на културното наследство и природните ресурси.

Фразата „Оние што сеат утопија жнеат реалност“, ја опишува неговата филозофија – Петрини веруваше дека соништата и визиите, кога се исполнети со чувство за правичност и страст, можат да инспирираат колективни акции и да предизвикаат вистински промени во општеството.
Петрини не само што сонуваше, туку и создаваше конкретни патеки за остварување, секогаш вклучувајќи ги заедниците и младите генерации ширум светот.
Неговата енергија, решителност и посветеност кон другите остануваат водечка сила за движењето Слоу Фуд и за сите кои ја делеа неговата визија.

Карло Петрини беше еден од највлијателните гласови во светот на храната, користејќи ја како алатка за одржливост, социјална правда и зачувување на културното наследство.

Со неговата смрт, светот загуби една од најсветлите фигури кои го менуваа односот на луѓето кон храната, заедницата и природата. Неговото наследство ќе продолжи да живее во милиони луѓе и организации инспирирани од движењето Слоу Фуд.

#КарлоПетрини
#ДобраЧистаИправичнаХрана

21/05/2026
. Домашно слатко од дива смоква – традиција што трае
03/05/2026

. Домашно слатко од дива смоква – традиција што трае

Address

Marsal Tito Bb
Bogdanci

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Eko-Rosales Bogdanci posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category