13/11/2024
МАСТЕРКЛАС: ХЕДОНИЗАМ И РЕНЕСАНСА -СПАРУВАЊЕ НА ВИНА ОД Slow Wine Водич СО МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ
со Слободен Чокревски и Пеце Клечкароски
17.30-19.00 часот, Сала Атлантис
🎉Купетe си влезница онлајн:
https://mktickets.mk/event/masterclass-sc/
Со секоја купена карта за мастер клас следува копија од водичот Slow Wine 2024, како и бесплатен влез во изложбениот дел од салонот.
🥂Доколку ги сакате старо-новите вкусови, традицијата, ако сте хедонист, не ги броите калориите, притоа им се насладувате на нашите вина и на македонските деликатеси, не го пропуштајте настанот што го најавува Слоу Фуд салонот -
„Храна и вино, хедонизам и ренесанса“ со Слободен Чокревски и Пеце Клечкароски
🍷🍽Станува збор за спарување на вината од Slow Wine со македонските производи: вистинска уметност што ја чувствуваме во гените, нитка што поврзува среќа и тага, правејќи вкусна симбиоза од минатото и од иднината.
🙎♂️🙍Низ оваа магија на вкусови ќе води професорот Чокревски, а шеф Пеце Клечкароски ќе им овозможи на гостите да уживаат во неговите готвачки екстраваганции со козји кашкавал и сирење, домашна рикота, сувомеснатите на Гаврилоски, на Леска..., преку брускети со џем од кромид и сланина, полнета ладна паста... И секако, низ ова патување ќе се наздравува со вината од мали семејни винарии.
Да живее хедонизмот!
📅 SLOW FOOD САЛОН 2024: Ние сме заедница!
09.11 2024 година, 12-20 часот, сабота,
Хотел Лимак, Скопје
#слоуфудсалон2024 #ниесмезаедница