30/07/2026
Vi blagodarime Slow Food Macedonia ♥️🇲🇰♥️🍇🫙🇲🇰
И ЈАС СУМ СЛОУ ФУД: ТИКВЕШКИ МАЏУН НА ФАМИЛИЈАТА ФИЛИПОВ
🍯Во секоја тегла маџун на Љупка и Марјан Филипов има многу повеќе од природната сладост на грозјето. Во неа се вткаени семејната традиција, вредните раце на сите генерации и рецептот што со децении се пренесува од баби на внуци.
🟣Од сопствените лозја во Неготино, па сè до долгото варење на тивок оган, семејството Филипов го создава маџунот на истиот начин како што тоа се правело некогаш – без кратенки и без компромиси.
📝Приказната започнува во 2015 година, кога Љупка и Марјан решиле да ја продолжат традицијата што ја наследиле од својата баба. Денес маџунот го подготвуваат исклучиво од грозје од сопствените лозови насади во Неготино, по стар македонски рецепт.
🗣„Маџунот се прави на тивок оган, во шерпи, по стар испробан рецепт.
За неговата подготовка се потребни многу труд, трпение и, пред сè, љубов. ... А најголема радост е кога некој ќе го проба и ќе каже: „Со вкусот ме вративте во детството“- велат Филипови.
🍇Производството започнува со бербата на зрелиот грозд. Плодот се мули и пресува, а свежиот гроздов сок веднаш се става во големи шерпи, каде со часови тивко се вари додека не ја добие препознатливата густина и природна сладост.
↗️Најинтензивниот период за семејството е од крајот на август до октомври, кога зрее грозјето и започнува подготовката на маџунот. Тогаш сите се вклучени во работата.
„Во тој период дома секој си ја знае работата. Од најмал до најстар – сите сме тим. Работата е многу за еден човек, па затоа заедно го создаваме нашиот маџун“.
🥞Љупка пред секој настан меси домашни пишии и ја подготвува познатата тиквешка раванија без шеќер, која посетителите ја дегустираат во комбинација со маџун.
🐌Филипови се редовни учесници на настаните што ги организира Слоу Фуд Македонија, каде секогаш со гордост го претставуваат својот традиционален тиквешки маџун.
🗣„Благодарение на Слоу Фуд, како мали домашни производители, станавме видливи и транспарентни. Научивме подобро да го претставуваме нашиот маџун и стекнавме многу пријателства со други производители. Сфативме колку Македонија е богата со квалитетни домашни производи“- велат Љупка и Марјан.
🎯Ова е причината зошто НИЕ сме Слоу Фуд.
Ние НЕ консумираме.
Ние избираме.
Ние сме Слоу Фуд
Сите заедно, можеме да го ПРОМЕНИМЕ светот почнувајќи од храната.
Придружи ни се!
Биди и ТИ дел од Слоу Фуд
https://shorturl.at/umRpg
✅️Слоу Фуд има вредни и инспиративни луѓе кои посветено ја прикажуваат големината на човекот преку културата на храна.