Vinbee Natural Honey

Vinbee Natural Honey 🍃 100% природен ливадски мед
🍯 Доза здравје од нашите пчели спакувана за вас.
[email protected]
📍 Охрид, Македонија

🥰🥰🥰
27/07/2023

🥰🥰🥰

https://www.instagram.com/p/CvHYQoeO7mN/🐝 Работилница “Пчели - Повеќе од мед” во соработка со Национален Парк Галичица 🐝...
27/07/2023

https://www.instagram.com/p/CvHYQoeO7mN/
🐝 Работилница “Пчели - Повеќе од мед” во соработка со Национален Парк Галичица 🐝

Ден кој беше вистинско уживање! Ние, National Park Galicica и Angela Taseska , и умни љубопитни глави со искрена љубов кон природата 🥰
Учевме за различните видови пчели, за нивната важност за планетата Земја, за различните видови инсекти, за медот и за важноста на биодиверзитетот.
Имавме можност да видиме различни видови пчели под микроскоп, како и да го забележиме животниот циклус на пчелите (од ларва до возрасна единка)! 🥰

Огромна благодарност до National Park Galicica за поканата. Се гледаме многу наскоро на следна едукативна презентација за пчелите - бидејќи, иднината е во нашите деца, а децата кои ќе ги спасат пчелите, ќе ја спасат и планетата Земја 🐝❤️

🐝Работилница "ПЧЕЛИ - ПОВЕЌЕ ОД МЕД"🐝☀️Дали сте подготвени да ве однесеме во СВЕТОТ НА ПЧЕЛИТЕ❓️❓️❓️🌻Во соработка со Nat...
19/07/2023

🐝Работилница "ПЧЕЛИ - ПОВЕЌЕ ОД МЕД"🐝

☀️Дали сте подготвени да ве однесеме во СВЕТОТ НА ПЧЕЛИТЕ❓️❓️❓️

🌻Во соработка со National Park Galicica на 24 -ти јули (понеделник), организираме работилница "Пчели - повеќе од мед", наменета за деца од 9 до 13 годишна возраст.

Ќе зборуваме за мошне важни нешта:
🐝Колку различни видови пчели постојат❓️
🐝Како да ги разликуваме пчелите од другите, слични инсекти❓️
🐝Како изгледа животниот циклус на пчелите❓️
🐝Како пчелите прават гнезда❓️
🐝Како пчелите произведуваат мед❓️
🐝Што е матица, трут, а што пчела работничка❓️

✅️Сите оние кои сакаат да учествуваат на работилницата, пријавувањето направете го на e-mail: [email protected].

Се гледаме!

🐝Работилница "ПЧЕЛИ - ПОВЕЌЕ ОД МЕД"🐝

☀️Дали сте подготвени да ве однесеме во СВЕТОТ НА ПЧЕЛИТЕ❓️❓️❓️

🌻Заедно со Vinbee Natural Honey на 24 -ти јули (понеделник), организираме работилница "Пчели - повеќе од мед", наменета за деца од 9 до 13 годишна возраст.

✅️Сите оние кои сакаат да учествуваат на работилницата, пријавувањето направете го на e-mail: [email protected].

🙋Овој летен распуст го поминуваме во Национален парк Галичица и учиме за #природата.

🔜 Наскоро!🐝 Работилница "ПЧЕЛИ - ПОВЕЌЕ ОД МЕД"🐝National Park Galicica
17/07/2023

🔜 Наскоро!

🐝 Работилница "ПЧЕЛИ - ПОВЕЌЕ ОД МЕД"🐝

National Park Galicica

🍯 Маделини со мед и портокалПотребни состојки:85 г путер1 лажичка темен мед2 Јајца67 г шеќер1 лажичка ванила екстрактКор...
01/06/2023

🍯 Маделини со мед и портокал

Потребни состојки:
85 г путер
1 лажичка темен мед
2 Јајца
67 г шеќер
1 лажичка ванила екстракт
Кора од 1 портокал
2 лажички ликер од портокал (Grand Marnier или Cointreau)
130 г брашно
1 рамна лажичка прашок за пециво
Прстофат сол

Измерете го брашното просеано низ сито и измешајте го со солта и прашокот за пециво. Оставете настрана.

Стопете ги путерот и медот на тивка температура. Откако ќе се стопат тргнете на страна и оставете да се оладат.

Настрана додадете ги јајцата, шеќерот, ванилата и кората од портокал и ликерот во
блендер или процесор за храна и блендирајте додека не се соединат во фина кремава
смеса. Доколку сакате може да користите и миксер при што ќе матите додека не добиете убава кремава смеса со бледо жолта боја и додека се растопи убаво шеќерот.

Следно додадете ги сувите состојки поточно брашното, солта и пецивото и пулсирајте или блендирајте неколку секунди со блендерот додека не се соединат.
Доколку користите миксер матејќи додавајте полека од брашното во смесата и матете додека не се соедини убаво околу 1 до 2 минути.

Следно додадете ги стопениот путер и мед во смесата и блендирајте или матете додека не се соединат повторно во убава крема. Доколку матите со миксер додавајте го путерот полека и матете без престан. Смесата ќе биде сјајна, хомогена и со убав волумен.

Добиената смеса префрлете ја во длабок сад и на површината покријте ја со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер 1 h.
По 1 h, оладената смеса можете да ја префрлите во ќеса за готварски шприц или можете да ја ставате со лажица во модлите за маделини изборот е ваш.

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во калап за 12 маделини претходно премачкани со растопен путер додавајте од смесата при што ќе внимавате да не ги полните калапите до врвот. Оставете малку простор за да можат убаво да нараснат при печење.

Се печат околу 9 до 10 минути при што постојано ги набљудувате за да не изгоррат при печењето.

Штом добијат убава румена боја и нараснат ги вадите веднаш од калапот и топли ги премачкувате со малку мед и наросувате кора од портокал.

👩🏻‍🍳
📷 .nanovic
#рецепт #мед #природенмед

🐝 Happy World Bee Day! 🐝Да ги штитиме и цениме пчелите, бидејќи без нив би немале вкусни овошки и зеленчуци и шарени пол...
20/05/2023

🐝 Happy World Bee Day! 🐝
Да ги штитиме и цениме пчелите, бидејќи без нив би немале вкусни овошки и зеленчуци и шарени полиња со цветови 🤗
Најмалку што можеме да направиме е надвор да им оставиме вода со малку шеќер за да се нахранат при нивните бескрајни авантури.
📸 .nanovic
🐝

Слатко, интензивно и ултра-здраво: Темен   мед со саќе 😍 како здрава храна или како уметничко дело на твојата трпеза. До...
15/05/2023

Слатко, интензивно и ултра-здраво: Темен мед со саќе 😍 како здрава храна или како уметничко дело на твојата трпеза.
Достапен само во мали количини 🍯🤍
📸 .nanovic
#мед #природенмед #винби

🍯 Галети со карамелизиран кромид и младо козјо сирење , мајчина душичка и прелив од мед 🍯Тесто за Галета- 215 г брашно- ...
10/05/2023

🍯 Галети со карамелизиран кромид и младо козјо сирење , мајчина душичка и прелив од мед 🍯

Тесто за Галета
- 215 г брашно
- ½ лажичка сол
- 143 г ладен путер исечен на коцки
- 4 големи лажици многу ладна вода
- 1 жолчка

Брашното го мешаме заедно со солта во длабок сад. Го додаваме путерот и стискаме со рака додека да го соединиме путерот со брашното во една фина песоклива текстура и смеса каде ќе немаме останати парчиња путер. Доколку имате процесор за храна може да користите за да го соедините полесно тестото.

Потоа полека додаваме ладна вода и месиме со рака додека да добиеме убаво соединето и мазно топче тесто. Доколку користите процесор, водата ја додавате во процесорот и пулсирате за да се соедини.

Потоа пристапувате кон месење на тестото со рака.
Добиеното топче од тесто го сплескуваме со рака во форма на диск и го викаме убаво во проѕирна фолија и оставаме во фрижидер 1 h да се олади убаво.

По 1 час го расукуваме тестото со сукало во форма на круг со дебелина 3 до максимум 4 mm. Во центарот на кругот го додаваме карамелизираниот кромид кој е претходно оладен, додаваме парчиња од младото сирење, наросуваме со бибер и додаваме гранчиња мајчина душичка.

Потоа додаваме мед и маслиново масло. Краевите на кругот ги виткаме од страните околу центарот на галетата и додаваме неколку тенки кругови од кромид одзгора за поубав изглед. Страниците ги премачкуваме со жолчката од јајце.
Галетата ја печеме на температура од 200 степени во претходно загереана рерна 20 до 30 минути или додека не забележиме дека добила убава кафено- златна боја. Оставаме да се олади и сервираме со свежа рукола одозгора.

За фил:
- 5 големи Главици црвен Кромид
- 30 мл маслиново масло
- 1 лажичка сол
- 50 г кафен шеќер
- 40 мл балсамико
- 4-5 гранчиња свежа мајчина душичка
- 150 г младо козјо сирење
- ½ лажичка бибер
- 1 лажица темен мед

Кромидот го чистиме и сецкаме на тенки листови, маслото го додаваме во тава и на средно - силен оган на загреано масло го додаваме кромидот и го готвиме додека да омекне убаво, додаваме сол и ја намалуваме температурата. Го динстаме на тивко кромидот додека не испари неговата вода и додека не почне да добива убава карамелизирана кафена боја.
Потоа го додаваме балсамикото и мешаме додека да испари киселината околу 5 минути. Потоа додаваме кафен шеќер и мешаме додека не се соедини целата смеса и добие убава темна боја и текстура на џем.

👩🏻‍🍳
📸 .nanovic
#мед #природенмед #рецепт #винби #охрид

🍯 Панакота од козјо млеко со мед, афион, лаванда и јагоди 🍓Потребни состојки:- 220 мл козјо млеко- 300 мл млечен крем за...
29/04/2023

🍯 Панакота од козјо млеко со мед, афион, лаванда и јагоди 🍓

Потребни состојки:
- 220 мл козјо млеко
- 300 мл млечен крем за готвење
- 1 кесичка желатин со средна јачина
- 1 лажичка ванила екстракт
- 2 лажички лаванда
- 1 супена лажица афион
- Јагоди по избор за декорација
- 50 г ливадски мед

▫️ Млекото и кремот за готвење ги додаваме во длабок сад и ги ставаме да се варат на тивка
температура заедно со лавандата. Пред да почне течноста да врие и кога ќе биде врела тргнете ја
од оган и додадете го медот и ванилата. Мешајте со жица за матење неколку минути да се
инфузира убаво со лавандата и да се растопи медот.

▫️Настрана растворете го желатинот со 2 лажици ладна вода додека не стане гумен и целосно хидриран, односно да ја впие целата вода. Додадете го желатинот во топлата течност. Доколку имате термометар за готвење температурата на млекото потребна е да биде помеѓу 32-34 степени но не повеќе од тоа. Откако ќе го додадете желатинот измешајте убаво за да се раствори.

▫️Потоа процедете ја течноста низ ситна цедалка за да ја отстраните лавандата. Оставете ја течноста
да се олади на собна температура повремено мешајќи ја. Откако ќе се олади измешајте ја повторно и поделете ја во 3 или 4 чаши или садови во зависност од големината. Оставете да се
лади панакотата во фрижидер 4 до 5 часа или преку ноќ.

▫️Откако панакотата ќе се олади, настрана исецкајте неколку јагоди и додадете малку мед.
Афионовото семе тостирајте го на оган на средна температура неколку минути додека не почне да го испушта својот мирис и арома, но внимавајте да не го изгорите.

▫️Афионот го толчиме со малку цветови од лаванда во толчник и го додаваме врз оладената
панакота. Преливаме со ливадски мед и ги додаваме јагодите.

👩🏻‍🍳
📸 .nanovic
#мед #природенмед #рецепт #панакота #винби

🐝 Vinbee Natural Honey x Alex Pucci 🐝На наше огромно задоволство, овој мај нашата платформа ќе ја претвориме во една шар...
28/04/2023

🐝 Vinbee Natural Honey x Alex Pucci 🐝

На наше огромно задоволство, овој мај нашата платформа ќе ја претвориме во една шарена кулинарска градина создадена од вештите раце на 🌸🥰

Ретко кој гурман не слушнал за Александра и нејзините приватни вечери во 🥰

Ја запознавме минатата година, токму таму. Менито беше вистинско уметничко дело кое нѐ натера одново да веруваме во магија. ✨
Веднаш беше видлива склоноста кон готвење со локални сезонски производи, и секако, нашата заедничка љубов – природниот мед. 🍯

Затоа, решивме заедно да ве понесеме низ едно гастрономско патување.

Во наредниве денови следуваат неколку рецепти на база на мед кои можете сами да ги подготвите од дома. 🥬

Останете со нас! 💛
📸 .nanovic
#мед #природенмед #природно #природа #пчеларство #македонија #македонија🇲🇰 #храна #винби

Денови на сонце, пролетни зеленчуци, готвење во природа… Наскоро ви носиме една свежа, вкусна приказна 🍓Stay tuned!📸 Kri...
27/04/2023

Денови на сонце, пролетни зеленчуци, готвење во природа… Наскоро ви носиме една свежа, вкусна приказна 🍓
Stay tuned!
📸 Kristina Nanovik
#мед #природенмед #природа #пчеларство #македонија #македонија🇲🇰 #храна

Саќето како уметничко дело ✨Покрај епитетот природен лек (поради бројните здравствени придобивки кои ги нуди како што се...
07/03/2023

Саќето како уметничко дело ✨
Покрај епитетот природен лек (поради бројните здравствени придобивки кои ги нуди како што се борба против инфекции, подобрување на здравјето на срцето и подобрувањето на функцијата на црниот дроб), саќето може да се нарече и уметност на природата. 🐝
Оваа тегла ја спремивме како подарок за наша драга личност - но, можеме да ве усреќиме и вас! 🥰
Нарачки во ДМ. 💌
#мед #природенмед #природен #природно #органско #саке #охрид #македонија #винби

Address

Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 10:00 - 17:00
Tuesday 10:00 - 17:00
Wednesday 10:00 - 17:00
Thursday 10:00 - 17:00
Friday 10:00 - 17:00
Saturday 10:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Vinbee Natural Honey posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Vinbee Natural Honey:

Share