Домашна Органска Зимница - Domasna Organska Zimnica

Домашна Органска Зимница - Domasna Organska Zimnica Домашна зимница од 100% органско и сопствено производство на зеленчук од Еколошка зона во Катланово.

Највкусните домашни кифлички ги правиме само за вас.Брашно, квасец, млеко, путер, масло, шеќер, сол и домашни јајца, а м...
28/12/2023

Највкусните домашни кифлички ги правиме само за вас.
Брашно, квасец, млеко, путер, масло, шеќер, сол и домашни јајца, а може да бидат и во посна варијанта.
Идеални за вашата новогодишна трпеза.
Цената е 400 денари за килограм (околу 30 кифлички).
За нарачки пишете ни во порака! 🥐🤗

Руски медовикСовршен десерт за вашата празнична трпеза.10 кори со вкус на мед и неодолив фил од павлака и ореви. Тортата...
23/12/2023

Руски медовик
Совршен десерт за вашата празнична трпеза.
10 кори со вкус на мед и неодолив фил од павлака и ореви.
Тортата содржи: јајца, мед, брашно, путер, ореви, шеќер, маргарин, цимет, сода бикарбона, нишесте, павлака, млеко.🍰🍯

Закиселен кромид 🧅Кромидот припремен вака може да го сервирате во салати, сендвичи или како прилог. Многу е едноставен з...
02/11/2023

Закиселен кромид 🧅
Кромидот припремен вака може да го сервирате во салати, сендвичи или како прилог. Многу е едноставен за подготовка, потребни ви се две големи главици црвен кромид, неколку зрнца бибер, 200 мл јаболков оцет, 100 мл вода и пола лажичка сол.
Кромидот го лупите и го сецкате на тенки кругчиња кои потоа ги раздвојувате едно од друго и ги редите во теглички. Во меѓувреме ги ставате во тенџерче водата, јаболковиот оцет и солта да вријат, откако ќе зовријат оставете ги уште минута две на тивко и потоа така зовриена течноста ја истурате во тегличките и ги додавате зрнцата бибер и ги затварате тегличките. Така подготвени оставете ги тегличките на собна температура додека да се изладат, а потоа во фрижидер.
Кромидот може да го конзумирате уште истиот ден, а најдобро би било да преноќи во фрижидер. Во фрижидер може да стои и до три недели. Ако сте љубители на многу кисела храна може да употребите вински оцет наместо јаболков.
Се надеваме дека ви се допаѓа овој пост, малку поразличен од она што досега постиравме. Ако го спремате кромидот на овој начин означете не.

Совршено дождливо есенско утро почнува со џем од капини на тазе лебче и путер послужено со топол чај.  🤗🍂🍁🍞🧈🫖
17/10/2023

Совршено дождливо есенско утро почнува со џем од капини на тазе лебче и путер послужено со топол чај. 🤗🍂🍁🍞🧈🫖

Магична природа.Ова е магичната шума во Катланово во која ги береме највкусните капини за нашиот џем.Капините се богати ...
15/10/2023

Магична природа.
Ова е магичната шума во Катланово во која ги береме највкусните капини за нашиот џем.
Капините се богати со витамин Ц, одличен извор на витамин К, богати со влакна и минерали, нивното конзумирање има бројни бенефити по здравјето на човекот.
Нарачајте и вкусете го најубавиот џем од капини.

Дали и вие обожавате туршија!?Чест ни е да ви го претставиме нашиот нов производ домашна туршија, кралицата  на зимската...
07/10/2023

Дали и вие обожавате туршија!?
Чест ни е да ви го претставиме нашиот нов производ домашна туршија, кралицата на зимската трпеза.
Карфиол, моркови, корнишони, зелени домати, пиперки, кој е вашиот фаворит? 🥕🍅🫑🌶️🥒

Smell this picture 🌶️🤤Ajvar in the making
06/10/2023

Smell this picture 🌶️🤤
Ajvar in the making

Сезоната на домашните пиперки за ајвар полека завршува, затоа побрзајте направете си преднарачки и вкусете го најдобриот...
02/10/2023

Сезоната на домашните пиперки за ајвар полека завршува, затоа побрзајте направете си преднарачки и вкусете го најдобриот ајвар направен само со црвена пиперка ајварка и многу љубов!
🌶️

Нам ни е задоволство што го препознавте нашиот труд и квалитет, а за скоро ќе ве израдуваме со нови производи кои ќе ја ...
24/09/2023

Нам ни е задоволство што го препознавте нашиот труд и квалитет, а за скоро ќе ве израдуваме со нови производи кои ќе ја красат вашата трпеза.
За преднарачки на ајвар и лутеница пишете ни, а од џемот од капини има останато уште некоја тегла.🤗

Денес ги набравме највкусните органски пиперки од нашата бавча за да ви  подготвиме домашен ајвар и лутеница по препозна...
23/09/2023

Денес ги набравме највкусните органски пиперки од нашата бавча за да ви подготвиме домашен ајвар и лутеница по препознатлив традиционален вкус.
Ајварот го правиме само од црвени пиперки, масло за јадење, сол и малку шеќер.
Додека во лутеницата покрај црвените пиперки ставаме и модар домат, претходно испечен на ќумбе на дрва, црвени и розови домашни домати и неколку чешниња домашен лук.
За нарачки пишете ни во инбокс. 🌶️🍅🍆🧄

Ајвар на лебче и сиренце 🤤Омилен појадок засекогаш!
19/09/2023

Ајвар на лебче и сиренце 🤤
Омилен појадок засекогаш!

Почитувани наши со овој краток reel ќе ви го доловиме процесот на правење на највкусниот домашен ајвар направен само од ...
18/09/2023

Почитувани наши со овој краток reel ќе ви го доловиме процесот на правење на највкусниот домашен ајвар направен само од црвена пиперка по традиционален македонски рецепт стар преку 50 години од нашата баба. Вам ви преостанува да нарачате и уживате во неговиот вкус!

Address

Еколошка зона/Катланово
Petrovec
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Домашна Органска Зимница - Domasna Organska Zimnica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share