Organic Prespa

Organic Prespa Сертифицирани органски јаболка 🇲🇰
Ајдаред 🍎

Certified organic apples 🇲🇰
Idared 🍎

Organic Prespa е фамилијарна идеја за одгледување на органска храна, во чиј фокус е одгледувањето на органски јаболка.
Пасијата за одгледување на јаболка влече корени од нашите предци, кои генерации наназад обезбедуваа егзистенцијални средства за нас токму на овој начин. Одејќи по нивните чекори, започнавме со одгледување и производство на конвенцијални јаболка. Но, како што одминуваа годините, п

оттикнати првенствено од сопствената желба за консумирање на органски, природни плодови, веќе од 2016-та година, целосно се префрливме кон органско производство на јаболка. Движечка сила и мотив црпиме од потребата за стекнување на здрави навики, и внесување на природни витамини и минерали кои се неопходни и влијаат на целокупното здравје и благосостојба на луѓето.
Како вљубеници во природата, согледувајќи ги негативните влијанија врз биодиверзитетот, и загриженоста за состојбата на еколошката средина во која треба да израснат новите генерации, фокусот го ставаме кон природниот извор на животот, а тоа се природните овошки кои изобилуваат со хранливи состојки, па секој кој ги консумира може да го почувствува нивниот бенефит.
Преориентирајќи се од конвенционален на органски начин на производство, се обидуваме да придонесеме и да бидеме цврста алка во синџирот на животната средина која ни дава сѐ што ни е неопходно, а за возврат бара почитување на нејзината почва, и нејзино поштедување од пестициди, отрови и други хемиски и вештачки создадени ѓубрива, кои наместо да го хранат, тие го поткопуваат нејзиното ткиво.
Токму затоа, нашата посветеност кон одгледување на органски производи ќе се зголемува од година во година, со надеж дека секој еден кој е спремен да внесе промени во својот начин на живот, да се доближи до природата, и да се насочи кон стекнување на здрави навики за себе и своите блиски, консумирајќи вака произведени овошки ќе придонесе во промовирањето на вредноста и значењето на овие производи.
Чаша природен сок е половина здравје, а едно органско јаболко на ден е благодат на душата.

Со големо задоволство ви најавуваме дека нашите сочни и ароматични сертифицирани органски јаболкa се достапни за нарачка...
24/10/2025

Со големо задоволство ви најавуваме дека нашите сочни и ароматични сертифицирани органски јаболкa се достапни за нарачка! 🤩

Одгледани со најголема грижа и во согласност со најстрогите органски стандарди, токму онака како што очекувате од нас 🍎

За дополнителни информации и нарачки ве очекуваме во порака 💌

Address

Prespa
Resen
7310

Telephone

+38978452088

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Organic Prespa posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share