17/03/2026
Вкусно и инспиративно – 3 начини како да го вклучите тофуто во уникатни, а сепак едноставни оброци.
Тофуто е одличен извор на растителни протеини – идеално за балансирана исхрана.
Се прави од соја – се коагулира соино млеко и се пресува во блокови.
Не заборавајте, за највкусно доживување, тофуто треба:
● Добро да се исцеди и исуши.
● Да се измаринира, барем најмалку 15 минути; и
● Најдобро е да се потпече или лесно запржи, за да добие крцкава надворешност, а одвнатре да остане меко.
🥗 Свежа салата со тофу
Исцедете го тофуто и исечкајте го на мали коцки.
Маринирајте 10–15 минути со маслиново масло, лимон, сол и бибер.
Лесно испржете или испечете за крцкава кора.
Додадете во свежа салата со микробилки, јадливи цвеќиња, потпечени семиња и свежи зачини.
🥢 Crispy Tofu Bowl
Исцедете го тофуто и исечкајте го на мали коцки.
Маринирајте 10–15 минути со соја сос, мед/агаве, сусамово масло и лук.
Лесно испржете или испечете за крцкава кора.
Сервирајте со ориз, авокадо, морков, соја сос и сусам.
🥑 Тофу авокадо тост
Исцедете го тофуто и исечкајте го.
Маринирајте 10–15 минути со лимон, маслиново масло, малку мед/агаве, чили и куркума.
Лесно испржете или испечете за крцкава надворешност.
Сервирајте на потпечен sourdough (леб од кисело тесто) со намаз од авокадо и додадете микробилки + јадливи цвеќиња.
Сите состојки можете да ги пронајдете во Farmer Boy 🌿 Нашиот тим ве очекува да помогне при избор на состојките.
#СвежаХрана