08/05/2026
Уште еден ден за дружба во Градски парк во Скопје- Ден на Европа. Да го прославиме не само со музика, туку и со домашни традиционални вкусови. Да се дружиме, забавуваме и да ги вкусиме убавите домашни специјалитети.
СЛОУ ФУД ВОДНО НА EUROPE DAY 2026 во Градски парк
На 9 мај, Сабота, од 11:00 до 18:00 часот, Скопје ќе пулсира во европски ритам и ќе го прослави на поинаков начин — низ идеи што обединуваат. Во Градски парк ќе се одржи настан посветен на музиката, храната, одржливоста и заедницата — вистинско доживување за сите кои ја сакаат природата и лежерните дружења.
Со срце што чука во ритамот на гастрономијата и со љубов кон локалното, Slow Food Водно ќе овозможи вкусно патување низ традицијата. Преку внимателно одбрани производители од Слоу Фуд мрежата, ќе оживеат приказни за храна создадена со трпение, знаење и посветеност. Десет локални производители ќе понудат сирења, сувомеснати производи, мед, вино, тартуфи, домашни сокови, крафт ракија и пиво, џемови, слатка и намази од лешници, ф’стаци и други рачно изработени деликатеси — автентични вкусови што го слават автентичното и квалитетот.
На сцената кај „Школка“ ќе настапат бендови и DJ сетови, создавајќи свежи урбани звуци и добра енергија. Популарниот „Маалски бувљак“, во организација на Комбо креативно студио, се сели во парк и ќе понуди уникатни предмети и креативни наоди со приказна. Зоната на одржлива економија со Yes for Less ќе донесе зелени идеи и инспиративни иницијативи, додека зоната за растенија со Цветко ќе понуди креативни растителни изработки. За најмладите и сите љубители на играта, подготвува интерактивни активности, а Food Corner со разновидни штандови со храна и пијалаци ќе биде вкусно гастрономско искуство на отворено