Добра Земја - задруга за органска храна

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Добра Земја - задруга за органска храна

Добра Земја - задруга за органска храна Органски производи од Македонија од проверени производители. Неделна органска кошничка до вашиот дом.

✅ Органска и хемиски нетретирана храна произведена на одржлив начин и во реципрочен однос со природните ресурси наместо нивна експлоатација. Сите производи од нашата палета се сертифицирани или лабораториски тестирани.

✅ Суверенитет на прехраната: нудиме пристап до проверена, локално произведена храна. На тој начин, го намалуваме својот еколошки отисок создаден при транспорт на храната, амбалаж

ата е сведена на минимум и остваруваме директен контакт со секој производител.

✅ Заштита на биодиверзитетот и животната средина: свесни сме дека постојат многу фактори кои штетно влијаат врз биодиверзитетот. Освен со поддршката на хемиски нетретирана храна, користиме јавен наместо приватен транспорт за набавка на производи, ставаме акцент на рефус производи, а минималната амбалажа ја реупотребуваме, не користиме пластични кеси и се стремиме кон нула отпад политика.

✅ Заемна помош: преку воведување на концептот членска кошничка, од една страна нудиме сигурен откуп и поддршка на малите производители, а од друга страна обезбедуваме сигурен пристап до безбедна храна и пониски цени за наште членови. (Повеќе за членството прочитајте овде: https://shop.dobrazemja.mk/stani-chlen/)

✅ Задругарство: нашата активност не е директно насочена кон профит како цел сам по себе, туку кон вложување и грижа за заедницата и унапредување на меѓучовечките односи. Тоа го остваруваме преку задругарско самоуправување, акции на донација на храна, помош на ранливи категории на луѓе и бездомни животни.

✅ Соработка: веруваме дека подобро општество се гради со здружување, наместо со конкуренција и натпревар. Добра Земја е член на Мрежата на социјални претпријатија на Македонија. Отворени сме за соработка со сите кои ги делат нашите вредности, може да не’ исконтактирате на [email protected]

Address

Дрезденска бр. 15
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 16:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00

Telephone

+38978881409

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Добра Земја - задруга за органска храна posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Добра Земја - задруга за органска храна:

Share

Задруга Добра Земја

Ние сме првата задруга на потрошувачи во Македонија. Постоиме за да поставиме алтернатива на постојниот систем на производство, дистрибуција и консумација на локална храна.

Се залагаме за:


  • Органска и хемиски нетретирана храна произведена на одржлив начин и во реципрочен однос со природните ресурси наместо нивна експлоатација. Сите производи од нашата палета се сертифицирани или лабораториски тестирани.

  • Суверенитет на прехраната: нудиме пристап до проверена, локално произведена храна. На тој начин, го намалуваме својот еколошки отисок создаден при транспорт на храната, амбалажата е сведена на минимум и остваруваме директен контакт со секој производител.