Друштвото за производство, промет и услуги ЛИКОМ ДОО увоз-извоз Ресен основано е на 29.09.1989 година во Ресен. Основана како мала фамилијарна компанија која што успева успешно да се носи со предизвиците и конкуренцијата на пазарот во земјата и во странство.
Седиштето на нашата компанија е во Ресен, каде што се обавуваат дел од финансиско-сметководствените работи. Со цел да се биде во центарот на
збиднувањата и да се биде присутен и поконкурентен се отвори канцелариски и дистрибутивен центар во Скопје, кој е во согласност со ХАСАП стандардите и ни овозможува побрза, посигурна и побезбедна дистрибуција на роба до сите купувачи, клиенти како во Скопје така и на ниво на целата држава.
Компанијата на пазарот се јавува како успешен деловен субјект со својата дејност: увоз на маслинки и маслиново масло, преработки од маслинки и увоз на други производи од странство. Нашата компанија е увозник и дистрибутер на познатиот бренд за маслиново масло Alexandros, кој е резултат на долгогодишна напорна работа за етаблирање, посветеност и присутност на домашниот пазар на општо задоволство на потрошувачите. Покрај Alexandros како бренд ние го увезуваме и познатиот бренд за маслиново масло и маслинки Ece. Од широката палета на брендот на Ece увезуваме повеќе видови вакумирани маслинки како што се: Ориент, Еспањола, Софа, Лорас црни маслинки, Гемлик, Лорас зелени маслинки со пиперка, Пате намаз од црни маслинки и Пате намаз од зелени маслинки.
Покрај нив од брендот на ЕЛИТА маслинките ги увезуваме рефусни Конфит црни маслинки, Зелени маслинки со пиперче, Натурална црна маслинка, Каламата и Блонд маслинки.
ЛИКОМ ДОО Ресен покрај увоз и дистрибуција на маслинки и маслинови масла се занимава со производство, откуп и промет на јаболка кои што претставуваат заштитен знак на градот Ресен и кои што успешно се пласираат во земјава и во странство.
ЛИКОМ има воспоставено исклучителни деловни односи со големите успешни компании во нашата земја како што се: Тинекс, Веро, Тедико, Макинвест, Карфур, Рамстор и други успешни компании, а исто така врши снабдување на многу други маркети низ нашата земја како и помали продавници, ресторани, хотели и др.
Раководниот тим на компанијата прави големи и успешни напори и покрај сите тешки и турбулентни времиња да се справи со предизвиците на пазарот на конкуренцијата, и да биде рамноправен деловен субјект со останатите субјекти.