Nutrivita.mk

Nutrivita.mk Основата и концептот на Нутри Вита е креирање здрав животен стил за секого. 📞+38976487171

Основата и концептот на Нутри Вита е креирање здрав животен стил за секого.

Наша цел е неисцрпно информирање и едукација на луѓето како да постигнат ниво на оптимално здравје, како да се ослободат од болестите, односно како да живеат здрав и квалитетен живот, онаков како што заслужуваат.

Нутри Вита е место каде што животот на еден човек се среќава со животот на природата.

Во денешниот свет не е

тешко да се изгуби сликата на нашата врска со природата. Нутри Вита постои за да Ве потсетува и да ја обновува оваа врска, да ја зајакне Вашата свест за влијанието на исхраната врз животот и здравјето т.е да Ви понуди позитивни примери од живеењето во хармонија со природата.

Производите кои ќе ги најдете кај нас се направени од природни сертифицирано-органски состојки. На еден суптилен и интелигентен начин тие ја пренесуват пораката на нашето тело дека најголемата поддршка за здравјето доаѓа токму од овие природни производи кои се добиени од суровини кои се од органско/еколошко потекло. Ваквите производи се вистинската медицина на иднината и поддршка за постоењето на нашата планета.

Нашата палета се состои од уреди за обработка на свежо овошје и зеленчук, сертифицирани органски производи, органски додатоци во исхраната, природна козметика за нега на лице и тело, филтри и алкализатори за вода за пиење, како и литература која мотивира кон позитивни животни промени.

Нашата мисија е на нашите полици да најдете производи со највисок квалитет, кои се последица на одговорно работење, произведени од најквалитетни суровини. Ние сакаме да опстоиме и на тој начин да докажеме дека човековиот живот и дело може да се оствари на начин кој ги почитува сите луѓе, сите култури и сета мудрост што постои на Земјата.

Нутри Вита е место во кое е лесно да се избере добро чувство.

Секој ден за секој од нас претставува способност да се создаде позитивно влијание. Дури и оние наједноставните, секојдневните мали одлуки кои ги носиме во нашите животи, како оние што јадеме, што внесуваме во нашето тело, со што ги чистиме своите домови, имаат значително влијание не само на нас туку и на природата која е насекаде околу нас.

Еден човек кој одлучува да живее живот во хармонија со природата, најверојатно нема да може да го промени светот, но со користење на природни производи ќе си даде сила себеси, односно на конекцијата со планетата Земја и сите нас.

Кога ќе влезете кај нас, можете да бидете сигурни дека ќе најдете производи кои со право можат да се наречат здрави. Суровините од кои тие се направени сертифицирано се одгледуваат без пестициди, не се хемиски обработени, не се рафинирани и не содржат вештачки бои, адитиви и конзерванси. Нашите производи се со стандарди со највисок квалитет што може да се најде на пазарот и се однесуваат како на одгледувањето и производството, така и на хранливата вредност и вкусот на производите. Ние не го користиме здравјето како маркетинг, ние ги претставуваме Вашите интереси во зачувувањето на Вашето здравје.


Визија - Страст и едукација

Целосно сме посветени на природните и органски производи. Затоа, нашите вработени се посебни, исклучително обучени, но исто така искрени и чесни, бидејќи тие знаат и чувствуваат одговорност кон она што го работат.

Во секојдневната размена на знаења со нашите клиенти оствараруваме придобивки кои ни помагаат да опстанеме, да се развиваме и растеме, а со тоа да продолжиме да го шириме своето позитивно влијание.

Тоа е мисија која што нè води заедно со поддршката од Небото и Земјата.

Па затоа дојдете и почувствувајте го Вкусот на здравјето!

Ваша,
Нутри Вита

29/04/2026

Smoothie bowl

18/04/2026
17/04/2026

Домашен мајонез за неколку минути!
Со помош на Magimix, кремаст и совршен сос, идеален за во фрижидер или како додаток на омилените јадења. Пробајте и ќе ја почувствувате разликата ✨

Состојки:
• 2 жолчки
• сок од ½ лимон
• ½ лажичка сенф
• прстофат сол
• 300–350 мл маслиново масло

Подготовка:
1. Ставете ги сите состојки освен маслото.
2. Вклучете и постепено додавајте масло.
3. Кога ќе се згусне, готово!

#домашенмајонез #рецепт #кујна

03/04/2026

Совршен подарок за оние што сакаат здрав животен стил, вкусна храна и уживање во кујната 🎁

Со Vitamix подарувате нешто што не стои на полица, туку се користи секој ден – за смути, супи, сладолед, намази, растителни млека и уште многу вкусни рецепти.
https://nutrivita.mk/vitamix 📞076487171
#Подарок #ЗдраваИсхрана #Кујна Смути ДомашниРецепти HealthyLifestyl

27/03/2026

Мултифункционалниот робот Magimix е вашиот сојузник за лесно секојдневно готвење. Сече, ренда, блендира, меси тесто, мати белки, сецка …

Произведен во Франција 🇫🇷 со врвен квалитет и дизајниран да трае, со дури 20 години гаранција на моторот.

Идеален за едноставни и креативни јадења!www.magimix.mk 📞 076487171

Magimix процесорот за храна едноставно и успешно заменува најмалку 8 кујнски апарати: миксер, мешалка за тесто, ренде, ц...
26/03/2026

Magimix процесорот за храна едноставно и успешно заменува најмалку 8 кујнски апарати: миксер, мешалка за тесто, ренде, цедалка за цитрусни овошја, сечкања...

Гаранција на мотор 20 години
Произведено во Франција

Повеќе информации можете да добиете на:
http://magimix.mk/
076 487 171

multipraktik nutrivita

Со Explorian E520, секој рецепт станува едноставен, брз и совршен.Од кремасти смутија, освежителни десерти, до топли дом...
26/03/2026

Со Explorian E520, секој рецепт станува едноставен, брз и совршен.

Од кремасти смутија, освежителни десерти, до топли домашни супи, сѐ подготвено со леснотија.

✔️ Голем сад од 2 литри BPA FREE
✔️ Моќен мотор од 2.0 КС
✔️ Прецизна контрола со варијабилна брзина, автоматски програми и пулс функција
✔️ Модерен и елегантен дизајн
✔️ 7 годишна целосна гаранција

Кога квалитетот и практичноста одат заедно, резултатот се вкусови што се паметат. https://nutrivita.mk/vitamix

23/03/2026

Ладно, кремасто и готово за неколку секунди 🍦

Со Витамикс, домашниот сладолед никогаш не бил полесен – само замрзнато овошје, малку течност по избор и блендирање… и веќе уживаш во природен, освежителен десерт без додаден шеќер.

Совршено решение за топли денови, брзи желби и здрави навики 💛

#ДомашенСладолед #ЗдраваНавика #БезШеќер #ЛетноОсвежување

Со Vitamix Ascent 1.4L Aerating Container лесно подготвувате фина, воздушеста пена и кремаста структура каква што добива...
03/03/2026

Со Vitamix Ascent 1.4L Aerating Container лесно подготвувате фина, воздушеста пена и кремаста структура каква што добивате во омиленото кафуле. Овој сад е специјално дизајниран за аерирање, за резултати што не се возможни со обично сечило.

Идеален избор за:
• Ладна пена за кафе
• Топла млечна пена
• Нежен шлаг
• Дресинзи и сосови
• Креативни кулинарски комбинации

Мал совет за најдобар резултат:
– Обезмастено млеко дава најубава и најстабилна пена
– За ладна пена: 1.7–4.5°C
– За топла пена: 63–85°C

Подгответе пијалаци и рецепти со професионален изглед. Лесно, брзо и едноставно. https://nutrivita.mk/vitamix

#витамикс

🔇 Тишина што се слуша. Моќ што се чувствува.Vitamix The Quiet One е професионален блендер наменет за кафулиња, барови и ...
12/02/2026

🔇 Тишина што се слуша. Моќ што се чувствува.

Vitamix The Quiet One е професионален блендер наменет за кафулиња, барови и ресторани каде квалитетот и атмосферата се подеднакво важни.

Со мотор од 1500W (3 коњски сили), 1.4L професионален сад и автоматски програми, овозможува совршена текстура и конзистентен резултат.

Благодарение на звучната изолација, работи тивко и дискретно, без да ја наруши атмосферата во просторот.

Идеален за смути, фрапе, коктели и сите пијалаци што бараат врвен резултат.

📩 За повеќе информации, контактирајте нѐ во порака.

#ПрофесионалнаОпрема #БарОпрема

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nutrivita.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Nutrivita.mk:

Share