26/05/2026
Во Наша Фарма денеска на гости ни беа дечињата од второ одделение од Ооу Тихомир Милошевски
Им благодариме на прекрасната дружба и искрените пријателски насмевки. НАША ФАРМА е побогата за уште многу пријателчиња. Им благодариме и на наставничките кои го организираа ова дружење и се потрудија се да помине во најдобар ред.
Имавме едукативно предавање за здравата храна, за фармерството и чувањето кокошки. Исто така пробавме од здравите природни јајца а го посетивме и пчеларникот од каде ,,украдовме" малку мед за дегустација.
Сепак... не најдовме одговор на вечното прашање: Што е постаро, јајцето или кокошката? 😄
Што мислите вие?