Kozi mleko planina

Kozi mleko planina Кози Млеко Планина е козарска фарма стационирана во С.
(1)

Made in Rashtak 🧀 #КозиМлекоПланина  #Сирење  #дегустација    #Раштак
03/05/2026

Made in Rashtak 🧀

#КозиМлекоПланина #Сирење #дегустација #Раштак

Честит 1ви Мај Не знам дали земјоделецот а особено сточарот спаѓаат во категорија работник зашто за него ова е само обич...
01/05/2026

Честит 1ви Мај

Не знам дали земјоделецот а особено сточарот спаѓаат во категорија работник зашто за него ова е само обичен ден и континуитет на трудот, козите мора да се молзат, да јадат, тие не знаат ни за 1ви мај ни за Велигден, но се повеќе сметам дека први мај е симбол на уште една епизода од гаснењето на земјоделството и сточарството иако благодарение на индустријализацијата и механизацијата е олеснета работата, произведе нуспроизводи кои резултират со последици кои ги живееме и денес а ќе продолжат и утре, барем во наше село, дедо ми како и повеќето од неговата генерација од селата се вработија по фабриките а на земјата од неговите предходници почна да растат трња и озгора на тога кога се пензионираше оваа генерација, тие од фабриките се вратија со конзервите и кесите со кои ги напунија доловите и потоците.

Кога ја започнавме оваа авантура, дедо ми и баба ми го доживеаа како трагедија, им беше тага зашто чуваме кози и навистина во тоа време се сметаше за дно да чуваш кози и да пиеш козјо млеко. Баба ми често ме зафркаваше кога ќе се приберев од фарма, ми велеше мирисаш на кози, на што и одговарав "да работев во Европа ќе мирисав на чоколадо", а дедо ми, него му беше драго длабоко во себе но имаше судир заради таквиот наратив, сепак се спротиставиме.

Во едно интервју пред пар години кажав дека заради подценувањето на физичкиот труд односно земјоделието и сточарството, светот ќе се соочи сериозни последици, и со сигурност одиме кон финалето. Физичкиот труд е и умствен сам по себе, но не е таков случајот со умствениот труд.

Се сеќавам на еден документарец во кој министерот за земјоделие на Куба изјави дека е логично министерот да зима помала плата од оној кој произведува храна зашто земјоделецот го материјализира својот труд и создава нешто суштинско додека административецот произведува трошок.

Вистинска трагедија е што поинтересни ни се западните девијации отколку традиционалните вредности, но секое лошо за добро.

Честит 1ви Мај, благословен да биде оној кој не остава отпад.

#КозиМлекоПланина #труд #ПрвиМај #Раштак

По мини желче немам сретнато 🐢 #КозиМлекоПланина  #желка  #биодиверзитет    #Раштак
30/04/2026

По мини желче немам сретнато 🐢

#КозиМлекоПланина #желка #биодиверзитет #Раштак

Што јадат козите? 🪻Во конкретниов случај тоа е дивата Орхидеја која патем е знак за еколошки чиста средина, не им е осно...
29/04/2026

Што јадат козите? 🪻

Во конкретниов случај тоа е дивата Орхидеја која патем е знак за еколошки чиста средина, не им е основна храна во смисол да јадат само орхидеи но во богатото и разновидно мени ги имаат и овие цвеќиња во што верувам дека има бенефит по благосостојбата на козата и во млекото.

Го јадат само надземни дел, цветот а притоа не се оштетува компирестиот корен од кој се прави салеп, најголем ризик е што откако ќе прецвета орхидејата го испушта семето и се случува козите да го изедат надземни дел но коренот е жив, паметам години каде вирееа многу малку, но паметам и години каде цела ливада беше под овие цветови.

Се информирав и за тоа дали можам некако да наштетам и нарушам балансот ако козите ги изедат но шансите за тоа се многу мали а планината е преголема а и не излегуваме со умисла да ловиме орхидеи и експлоатираме природата, напротив ние сме дел од природата и верувајте, никој нема да се грижи за својата околина како локалецот, оној кој живее од и со природата.

Инаку и за оваа билка / цвет немаат надлежните декларација 😏

#КозиМлекоПланина #ДиваОрхидеја #Биодиверзитет #Раштак

Млекото тука се прави 🥛Станува се позелено и потопло, попријатно, ако пред месец дена беше оскудно и козите сакаа да ода...
28/04/2026

Млекото тука се прави 🥛

Станува се позелено и потопло, попријатно, ако пред месец дена беше оскудно и козите сакаа да одат онаму каде што ни е забрането, веќе не ни гледаат натаму заради изобилието од храна за козите.

Хит им е периодов дива детелина која почнува да цвета и други треви кои исто почнуваат да цветаат, млади листови од даб, јасен, дренка, капина, шипинка.. со влегувањето во мај и јуни влегуваме во најцветниот период од млечната сезона, козите практично јадат полен - млекото е фантазија и се чувствува благата нота во млекото.

Ова е само уште една од многуте придобивки при традиционалното одгледување на добиток каде козите сами избираат што ќе јадат а притоа ништо од биорастителниот свет не е сертифицирано како органско што ми дава за право да се декларирам како надоргански производител а во принцип се е како што било некогаш, природно, наспроти ограничен простор, електрична ограда и еднолична храна.

Голем поздрав од "оркестарот" 🐐📯🐐🎺🐐🎻🐐🎸🐐🪗🐐🎷🐐

#КозиМлекоПланина #ПатотНаМлекото #традиционално #Раштак

100% Раштак, 100% домашно и природно, 100 пати фатено и префатено, 100% во духот на домаќинска  самоодржливост и создава...
27/04/2026

100% Раштак, 100% домашно и природно, 100 пати фатено и префатено, 100% во духот на домаќинска самоодржливост и создавање со рацете, 100% храна и тоа надорганска - органското производство е подложно на бирократија, а надорганското на доверба, како врвна човечка особина 🧄🧅🌱🥚🧀

Вчера ги набрав првите залчиња од бавчата, ме радува се што вирее околу мене, успешно се фатија малините и јагодите, во леите живеат лукот, руколата, ротквицата и спанаќот, мислам дека создадов микросвет каде коегзистираат различните култури а во меѓу време се чека расадот да потера и да ги замени постоечките култури, го чекам тој џунглест и цветен амбиент.

Во меѓувреме се штанцаат Калеш Мари и Пештери како наша примарна активност од фарма преку ливадите и два пати на ден фаќање цицки 🙊 и правење млекотворби, ептен добро ми легна младово калеш марче во комбинација со пржен кромид и јајца и одозгора само тенки ленти од сирењето / кашкавалот (кој како сака) да се подрастопи и да ја добие таа нота на шкрипавац во уста...

Кокошките, односно јајцата како основен извор на храна е полн погодок за мало рурално домаќинство, секако не е туку така, ѕие мораат да јадат за да дадат. Неописливо убав и победнички момент е кога од кокошарник земаш уште топли јајца па по пат береш глуварче, па од градината од се по нешто и на чардак вадиш калап Калеш Мара кој се подсушува.

Задоволство е да се храниш преку твојот труд 🕊

#КозиМлекоПланина #плодови #храна
Раштак

Хелга јанг вориор лавс хр гоутс 🐕❤️🐐Задоволство е да се гледа хармонијата на соживотот во што сигурно игра голема улога ...
26/04/2026

Хелга јанг вориор лавс хр гоутс 🐕❤️🐐

Задоволство е да се гледа хармонијата на соживотот во што сигурно игра голема улога населеноста и просторот на соживотот, како предуслов за комоција а со тоа и доверба која се јакне и негува од ден во ден, секој со својата задача.
Особено фасцинантна е комуникацијата помеѓу Хелга и козите, на пример не поднесува да ги гледа мачките како јадат а на козите им дозволува да и јадат од чинијата, во планина сега како што раззеленува и така се е пораздвижено, инсекти, гуштерчиња, желки, јастреби, гугутки сигирно се крие и нешто друго, Хелга добро јавува и се однесува заштитнички кон стадото, а со луѓето пријателски, таа ми е практично очите и рацете.
- секако и мало куче има свој придонес во бендот, но браво за Хелга, ми се допаѓа нејзиниот напредок (се надевам нема да ме избрука откако ќе објавам) 🕊

#КозиМлекоПланина #кози #планина #Хелга #куче #чувар #СредноАзијскиОвчар #доверба #синергија #соживот #должност #обврска #одбрана #сигнал #Раштак

Гасење од штекер 🔌Почувствував голем замор по Велигден а и бев прилично активен на многу страни надвор од дневната рутин...
25/04/2026

Гасење од штекер 🔌

Почувствував голем замор по Велигден а и бев прилично активен на многу страни надвор од дневната рутина, од козите до млекото и планината, бонус бавча притоа ми побегнаа а сакав да напишам некој збор но навистина не се постигнуваше се случи премин од дрн дрн јариња до молзење и правење калеш мари. Навистина не е лесно од два месеца дружење со јарињата до во две недели празнење на фармата, онаа лекција каде секоја година животот ми врзува шамар и подсетува што се мораме да правиме ние луѓето по прогонот од едемската градина, но утеха пронајдов во една од објавите на манастирот Свети Илија Мирковци а гласеше ✥✥✥  Немој да се откажуваш од тешкотиите, бидејќи преку нив го добиваш она што е достојно за почитување. ✥✥✥ Свети Исак Сириски - која и понатаму ми е водилка и силна мотивација и позади објавите. Цела една преорганизација на функционирање кое бара однапред подготовки, практично од хаос до фаќање ред, вегетацијата збеснува и од изобилството на растенија козите се напасуваат спокојно и подобро соработуваат.

Следи еко активизам пуштено на најјако, следат убави сончеви и млечни денови, неделава што следи ќе имаме дружба и со ветеринарите, така да се во свое време, од денес фаќам чекор и со објавите и одговарање на пораки, мејлови, приказни и авантури од нашиот свет, некогаш опширно некогаш кусо, но секогаш спонтано и детски ✌️🕊🐐🐐🐐

#КозиМлекоПланина #Кози #Млеко #Планина #одмор #замор #распуст #здравје #памет #будење #активирање #премин #сезона #природа #еко #лекции #Раштак

Право во бељата ццц,, па уште задоволни, као победиле 😈 #КозиМлекоПланина  #кози  #планина  #природа  #ливади  #беља  #ѓ...
19/04/2026

Право во бељата ццц,, па уште задоволни, као победиле 😈

#КозиМлекоПланина #кози #планина #природа #ливади #беља #ѓаволи #разгалени #прошетка #еко #НачинНаЖивот #Раштак

Немам време за опширна објава но имате поздрав од Мало Куче и Големо Куче 🐕🐩😆 #КозиМлекоПланина  #кучиња  #чувари  #алка...
18/04/2026

Немам време за опширна објава но имате поздрав од Мало Куче и Големо Куче 🐕🐩😆

#КозиМлекоПланина #кучиња #чувари #алка #игра #песови #закачкање #попуштање #другарчиња #Раштак

Најпрво сакам да честитам за успешниот настан и упатам благодарност за поканата до целиот тим на  каде земавме активно у...
17/04/2026

Најпрво сакам да честитам за успешниот настан и упатам благодарност за поканата до целиот тим на каде земавме активно учество на национална конференција, во дискусијата насловена "природата како партнер: успешни модели на зелен развој" што за мене лично беше голема работа и огромно задоволство што сме препознаени како ваков пример.

Со развиореното знаме со козата од раштак накусо ја раскажав нашата приказна, дека ние сме дел од природата а не господари над природата, укажав на тесната поврзаност со природата како нераскинлив дел од нашето суштествување и дека фармерите/ сточарите се оператори на биодиверзитет и преку традиционалното одгледување на добиток активно учествуваме и во превенција против пожари, алармирав дека малите фарми по Европа згаснуваат, самите европски фармери велат дека бирократијата е тивкиот убиец на малите производители а впрочем токму тие се оддржливи и носат локален развој во руралните средини и дека и ние не сме имуни на овој деструктивен тренд сокриен позади митот за европа. Ние ќе постоиме се додека имаме поддршка не од институциите, туку од обичните совесни луѓе кои го поддржуваат нашиот труд каде локалната природата се трансформира во млеко и млечни производи, споменав и дека самоиницијативно се декларирам како "надорганско производство" каде за разлика од органското зад кое стои бирократија, зад надорганското стои довербата како темел на хуман однос помеѓу луѓето, природата, храната и благосостојбата на добитокот.

Се сретнав и запознав со прекрасни, инспиративни и пред се свесни луѓе со кои сме практично браќа и сестри по каузата за подобар свет по рецептот на соживот со природата каде неформалните разговори од идеи и искуства немаат крај, ќе ни треба поинаков формат, ми се потврдува дека е дојдено време за собири по бавчи и ливади.

Голем поздрав до .za.dosnica , .prilep , , и уште еднаш 🕊✌️🌱🌳🌾🐐🥛🧀😇

#КозиМлекоПланина #ЕкоСвест #Раштак

Велигденски вкуснотии 🧀Објавава ми приреди проблем - не знам од каде да почнам а притоа е пишувана од центар на Скопје к...
16/04/2026

Велигденски вкуснотии 🧀

Објавава ми приреди проблем - не знам од каде да почнам а притоа е пишувана од центар на Скопје како резултат на дискусија во која ќе земам учество и се надевам дека ќе придонесам... туку за тоа деновиве откако ќе го доживеам и преживеам 😅

Да, штотуку изваден крем сир од калап, најсвеж, грубо измиксан со самоникнато оригано од Самотраки, сол, масло и маслинки, просто невероватно, неутрално млечно идеално сврзано со намирниците, како млечно облаче кроз кое патува вкусот на медитеранот. Не сакаш да заврши особено кога ќе наидеш на млечна грутка 💥

Можеби пристрасно сум фан на јарешко но можете да замислите како се разлигавував после толку апстиненција од месо, а јарешкото путер, неутрално и бајковито, изостанува таа тешка масна нота како кај јагнешкото ... повеќе од книгите како што пишува, 50тина денови на вистинско млеко растено, се поубеден сум дека нема вакво во европа 🤤

Деликатесниот Пештер, парче со мувла на површината и тоа беше повод да го исчувам 18+ месеци и да го постелам на трпезата, отприлика очекував што ќе се случи но искрено ги надмина моите очекувања. Пештер со карактер, вистински деликатес кој би поминал со убаво розе и топење во устата 😋

Трпезата беше долга и раскошна, преубави салати, јајца, скара, грицки, ракија, пиво, пак ракија, оган, чад, жар, здравици, благо... е кај благово кога сме обланда од на Нате мајка и беше у @и #ку матер 👌

Со млечнотииве ќе има реванш натпревар со убави винце, дегустација за душа, за да се осигурам дека го задоволува критериумот за надорганска - природна храна 😉

#КозиМлекоПланина #трпеза #сирење #КремСир #Пештер #Јарешко #обланди #јајца #Велигден #вкусови #гастрономија #надорганско #сирење #деликатес #храна #Раштак

Address

Rashtak, Ulica 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 21:00
Tuesday 08:00 - 21:00
Wednesday 08:00 - 21:00
Thursday 08:00 - 21:00
Friday 08:00 - 21:00
Saturday 08:00 - 21:00
Sunday 08:00 - 21:00

Telephone

02 2 575 808

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kozi mleko planina posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Kozi mleko planina:

Share