08/10/2025
🌾 ИЗБРАНИ ЖЕНА ФАРМЕР НА ГОДИНАТА – АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025 🌾
Со голема чест и гордост објавуваме дека во рамките на АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025 беше одржан изборот за „Жена фармер на годината“, признание кое ја истакнува улогата, трудот и инспиративниот придонес на жените во земјоделството. 👩🌾💚
Оваа година титулата „Жена фармер на годината“ ѝ припадна на жени земјоделки, кој со својот посветен труд, иновативни практики и љубов кон земјата претставува вистински пример за современа и успешна жена во агросекторот. 🌱
Признанието им беше врачено на свечената церемонија на саемот, во присуство на бројни гости, претставници од институции, организации и земјоделци од целата држава. Настанот уште еднаш ја потврди важноста на жената во земјоделството, нејзината улога во одржливиот развој, семејното стопанство и руралната заедница. 🌾✨👉 Агро Саем Струмица продолжува со својата мисија да ги поддржува и промовира успешните приказни од македонското земјоделство – затоа што Македонско е најдобро! Поддржи домашно, јади здраво и избери македонско – за себе, за заедницата, за иднината!
Славица Малинова од Куклиш Општина Струмица и Катерина Трајкова од населеното место Долно Чичево кај Велес се прогласени за жена фармер за 2025 година на Агро саемот...