Фармата на Дедо Ангел

Фармата на Дедо Ангел Ние сме фамилијарна земјоделска фарма и нашата цел е д?

Ние сме фамилијарна земојделска фарма и нашата цел е да произведиме вкусни и здрави производи во склад со природата.

24/05/2022

Не знаеме како ќе заврши пчеларската година, но во моментов набљудувањето на авијацијата е вистинско уживање
🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝🐝
🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯🍯

Лешник во цвет 🥰🤩😊
20/02/2022

Лешник во цвет 🥰🤩😊

10/02/2022

МЕДОТ СО ЈОД и ЛИКЕР ОД МЛАДИ ЗЕЛЕНИ ОРЕВЧИЊА, кај народот познат како ОРЕОВКА
🥃🌳🐝🍯🌰🥃🌳🐝🍯🌰🌳🥃🐝🍯🌰

Овие производи може да ви ги испорачаме ние или да ги најдете во Добра Земја - задруга за органска храна

🍯МЕД СО ЈОД е тегличка полна здравје која во себе содржи:
✅Витамин Ц
✅Фенолски соединенија
✅Јод
✅Калиум
✅Магнезиум
✅Фосфор
✅Калциум
✅Железо
✅Цинк
✅Сулфур
✅Манган
✅Бакар

🥃ЛИКЕРЧЕТО и тегличката МЕД СО ЈОД 🍯 имаат само две разлики, во ликерот има ракија добиена од органско грозје и е спакувано во шише :)

Немаат етикети од морални ЕКО причини 🌏🌳!!!

Консултираната литература и “старите мудреци“ велат дека овие производи имаат позитивни ефекти на:

🧘Физичката, психичката и енергетската рамнотежа;
❤️Работењето на тироидната жлезда;
💚Респираторниот систем;
❤️Прочистување на јетрата, желудникот и крвта.

Медчево со јод и ликерчето се карактеризираат со одлични антиоксидативни карактеристики и со сигурност го подобруваат имунитетот!!!

Едукативна содржина што можеби ќе ве интересира
👇
Минералот кој не смее да биде заборавен – КЛУЧЕН за цел метаболизам! https://bit.ly/3onk2Ha
Јод - неопходен на нашето тело https://betty.mk/jod/
Јодот и неговата улога во развојот на децата https://bit.ly/3lVnOGj

*Со купување на овие прозиводи инвестирате во вашето здравје, поддржувате локални органски производители и придонесувате за заштита на животната средина и планетата Земја!!!🏞🏔⛰🌅🌎

Цена: 🍯МЕД СО ЈОД 370 мл/450 мкд
🥃 ЛИКЕРЧЕ 500мл/400мкд

Употребата на пестициди во земјоделското производство негативно влијаае на здравјето на луѓето и ја уништуваат животната...
07/02/2022

Употребата на пестициди во земјоделското производство негативно влијаае на здравјето на луѓето и ја уништуваат животната средина ☢️☢️☢️

#органско е #новотонормално
#купувајорганско #подржилокално

    Низ светот, се повеќе луѓе заболуваат од Паркинсонова болест.

Ова е новата реалност доколку не се смени пристапот при искористувањето на природните ресурси.Начинот на искористување н...
12/01/2022

Ова е новата реалност доколку не се смени пристапот при искористувањето на природните ресурси.
Начинот на искористување на почвата во голема мера влијае на количината на CO2 во атмосферата.
#жива #почва "заробува" CO2
Како до жива почва?
Помалку орање, повеќе мулчирање!!!
Помалку минерални ѓубрива, повеќе органски ѓубрива!!!

2021 година беше петта најтопла година во светот досега, додека нивоата на јаглерод диоксид и метан во атмосферата што ги затоплуваат планетите достигнаа нови врвов....

Според анализата на ОН, светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година и се на највисоко ниво во последнат...
09/01/2022

Според анализата на ОН, светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година и се на највисоко ниво во последната деценија како последица на цената на ѓубривата, поврзано со спиралните цени на енергијата, кои пак ги зголемија трошоците за таканаречените инпути што ги користат земјоделците за производство на земјоделски култури.

Дали #регенеративните #фарми се решение за овој негативен тренд, кој што неизбежно ќе продолжи во годините што следат?

#регенеративното #земјоделство се базира на 4 основни принципи:
* примена на пракси кои го подобруваат биодиверзитетот
* елиминирање или намалување на орањето
* употреба на органски ѓубрива и
* примена на регенеративни пракси на испаша на добитокот.

Светските цени на храната скокнаа за 28 отсто во 2021 година и се на највисоко ниво во последната деценија, а надежите за враќање на постабилните пазарни услови оваа г....

Апсурдно и идиотски и во согласност со модерните трендови на самоуништување на човековата раса и планетата земја.Популац...
06/01/2022

Апсурдно и идиотски и во согласност со модерните трендови на самоуништување на човековата раса и планетата земја.

Популацијата на пчели е во опаѓање поради зголемената и неконтролирана употреба на пестициди.
Во исто време пчелите учествуваат во над 2/3 од поленизацијата на растенијата.
Па дали има памет судијата?
Нормалните држави ги помагаат пчеларите а во нашиов протекторат ги дотепуваат.

Извинете за речникот, но ова е навистина вон сите разумни граници.

ВАШИТЕ ПАРИ НЕМА ДА ЗНАЧАТ НИШТО КОГА ЌЕ ГИ УНИШТИТЕ РЕСУРСИТЕ ОД КОИ СЕ ХРАНИМЕ И ОПСТОЈУВАМЕ!!!

Follow Sitel Televizija on...• WEB: http://sitel.com.mk/• FB: https://smarturl.it/sitelFB• IG: https://smarturl.it/SitelInstagram• Tw: https://smarturl.it/Si...

Почитувани пријатели на Фармата на Дедо Ангел 💚Календарската 2021 година ни донесе многу интересни случувања во доменот ...
30/12/2021

Почитувани пријатели на Фармата на Дедо Ангел 💚

Календарската 2021 година ни донесе многу интересни случувања во доменот на производство на храна кои резултираа со високи цени на истата како последица на намалената понуда и неодржливиот воспоставен дистрибутивен систем на храна, во кој што трговците заработуваат, производителите губат, а крајниот потрошувач плаќа скапа храна која е произведена на начин кој деструктивно влијае на животната средина и човековото здравје.

Дали наредната 2022 ќе биде иста?
Најверојатно ДА, како и сите останати што следат!!!

Причините ќе ги бараме во:

🌡❄🌨☀️ Екстремно лошите климатски појави (доцни пролетни мразеви и високите летни температури) кои нема да не заобиколат и наредните години поради високите концентрации на CO2 во атмосферата, а токму конвенционалното земјоделско производство со своите практики (орање, минерални ѓубрива и пестициди) е меѓу причинителите за оваа состојба. 🚜

🚛⛽🚢✈Зголемените трошоци за производство и транспорт на храна на глобално ниво како и

лошите политики на институциите задолжени за поддршка и развој на земјоделството во Македонија 😴

🤔Што можеме да превземеме во следното лето господово, 2022-ро по ред, со што би му пркосиле на неодржливиот систем за производство и дитрибуција на храна?

⛏🏡🍅 Произведете своја органска храна доколку имате услови.
🥦🍎🍇Купувајте локални органски производи од мали локални производители.

Доколку не познавате такви, еве листа на неколку наши пријатели кои од се срце ги препорачуваме :)
Добра Земја - задруга за органска храна
Borce Pavlov (Професионален пчелар)
Ivan Dodevski (Професионален пчелар)
Nutz.mk
Kozi mleko planina

Нашата желба во новата година е да имаме почиста почва, почиста вода и почист воздух, што всушност е основата за добро здравје 💚

СРЕЌНА ВИ НОВА ГОДИНА ДОБРИ ЛУЃЕ!!!

И да не заборавите дека во новата година #органското е #новото #нормално ;)
#купувај #органско
#поддржи #локално 💚🐞🐝🍇🍎🍓🫐🌽🧅🫒🥦🧄🍄🫒🌶🫑🥒🥬🍈🍉🍊🥭🥜🥝

"Штом веќе сме дотуркани до работ, крајно време е да се делува според начелото на пермакултурниот дизајн дека на рабовит...
25/12/2021

"Штом веќе сме дотуркани до работ, крајно време е да се делува според начелото на пермакултурниот дизајн дека на рабовите од агроекосистемите се одвиваат најинтензивните размени и придвижувања на ресурси и енергија, па во таа насока да го поттурнеме и земјоделството кон регенеративните агроеколошки пракси, што воедно ги обновуваат и локалните општествени заедниции, ако се применуваат доследно во целост"
Zelenata Arka и Општествена градина - Бостание 💚

Сведоци сме на растечкиот број на светското население, кој се очекува да достигне

Кога си пчелар и во исто време имаш насад со ореви, едноставно е грев да не го направиш производов и да го понудиш на пр...
04/12/2021

Кога си пчелар и во исто време имаш насад со ореви, едноставно е грев да не го направиш производов и да го понудиш на продажба 🌳🐝🍯🌰🌳🐝🍯🌰🌳🐝🍯🌰

🍯МЕД СО ЈОД е тегличка полна здравје која во себе содржи:
✅Витамин Ц
✅Фенолски соединенија
✅Јод
✅Калиум
✅Магнезиум
✅Фосфор
✅Калциум
✅Железо
✅Цинк
✅Сулфур
✅Манган
✅Бакар

Консултираната литература и “старите мудреци“ велат дека МЕДОТ СО ЈОД има позитивни ефекти на:

🧘Физичката, психичката и енергетската рамнотежа;
❤️Работењето на тироидната жлезда;
💚Респираторниот систем;
❤️Прочистување на јетрата, желудникот и крвта.

Медчево со јод се карактеризира со одлични антиоксидативни карактеристики и со сигурност го подобрува имунитетот!!!

Едукативна содржина што можеби ќе ве интересира
👇
Минералот кој не смее да биде заборавен – КЛУЧЕН за цел метаболизам! https://bit.ly/3onk2Ha
Јод - неопходен на нашето тело https://betty.mk/jod/
Јодот и неговата улога во развојот на децата https://bit.ly/3lVnOGj

*Со купување на овој прозивод инвестирате во вашето здравје, поддржувате локални органски производители и придонесувате за заштита на животната средина и планетата Земја!!!🏞🏔⛰🌅🌎

Цена: 370 мл/450 мкд

Address

Sveti Nikole
2220

Telephone

078227936

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фармата на Дедо Ангел posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Фармата на Дедо Ангел:

Share