10/08/2026
Панцероти со 4 фила
За тесто:
250 мл топло млеко
250 мл топла вода
2 лажици јогурт
1 кафена лажица сол
1 кафена лажица шеќер
1сув квасец
650 г Домаќинско бело брашно тип 400
1-2 лажици масло за готвење
Полнење
Фил бр.1
- Зелени маслинки
- зденка
Фил бр.2
- Ајвар
- дробено сирење
Фил бр.3
- шунка сецкана на коцкички
- кашкавал
- оригано
Фил бр.4
- моцарела
- сос од домати
- босилек
Во длабок сад измешајте топло млеко , топла вода, шеќер и сув квасец. Оставете да одстои 5-10 минути додека квасецот не се активира.
Додадете јогурт и сол во смесата. Постепено додавајте од брашното додека не добиете меко тесто кое се лепи за раце. Додадете го и маслото и месете додека не добиете мазно тесто.
Покријте со кујнска крпа и оставете го на топло место додека не се дуплира, отприлика половина час.
Од кога ќе нарасне, префрлете го на набрашнета површина и поделете го на 12 еднакви парчиња. Секое топче, со помош на оклагија развлечете го во круг.
На половина од кругот ставете од одбраниот фил и преклопете како полукруг. Стиснете ги рабовите за да не искочи филот.
Во тава загрејте масло за јадење на средна температура и пржете ги панцеротите од двете страни додека не поруменат. Потоа, со помош на хартиени салфети соберете го вишокот на масло.