09/08/2026
🐝🍯 ЕДНА НЕДЕЛА ПОЛНА СО НАСМЕВКИ, ДОВЕРБА И ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ ВО АПИКОМОРА ДУКОВИ ❤️
Изминатата недела во Апикомора ДУКОВИ беше исполнета со прекрасни средби, нови пријателства, детски насмевки и гости кои ни дојдоа од различни краишта – од соседството, од други градови, па дури и од странство. 🌍🐝
Нè посетија наши драги комшии – и од Велес, и од Подлес, кои со љубопитност ја почувствуваа атмосферата на Апикомората и уживаа во мирот и убавината на природата под планината Клепа.
Нашите први посетители, Божана и Љупчо од Богданци, веќе ја направија и својата трета апиинхалација, а нивното задоволство и убавите зборови се огромна мотивација за нас. ❤️
Имавме прекрасни гости од Швајцарија, кои летниот одмор го поминуваат во Македонија. По третманот ни рекоа дека им е жал што деновите им се при крај и дека следната година ќе си испланираат повеќе време за апиинхалација. 🇨🇭❤️🇲🇰
Посебна радост ни донесоа и гостите од Чикаго, кои последниот ден од својот одмор во Неготино го искористија за посета на Апикомората – заедно со своите две дечиња. 🇺🇸❤️
А најубавите моменти секогаш се оние со дечињата. ❤️
Нè посетија семејства кои живеат во Франција, Австрија, Германија и Швајцарија, а летниот одмор го поминуваат кај своите најблиски во Македонија.
Едно прекрасно девојче, кое летува кај баба и дедо во Црквино, веќе ја направи својата трета апиинхалација. Нејзините искрени детски зборови:
„Тета, јас сега многу подобро дишам... и многу полесно спијам.“ ❤️
А во оваа прекрасна недела имаше и моменти кои за мене имаат посебно место во срцето. ❤️
И Благојче – душата на тета, и баба Камка направија апиинхалација во Апикомора ДУКОВИ. 🥰🐝
Да се видат најмилите како уживаат во ова место кое го создадовме со толку љубов – тоа е чувство што не може да се опише со зборови. ❤️
Во една од најубавите денови имавме дури 12 посетители – од Кавадарци, Велес и други места, а Апикомората беше исполнета со разговори, смеа и прекрасна енергија.
🐝 Што нè поврзува сите?
Љубовта кон природата, желбата да се одвои малку време за себе и љубопитноста да се почувствува едно поинакво природно доживување.
Во Апикомора ДУКОВИ се вдишува воздух кој доаѓа директно од пчелните кошници, без директен контакт со пчелите, во простор исполнет со природните ароми од кошниците. 🍯🐝
⏱️ Третманот трае 45 минути
💰 Возрасни – 500 денари
👧 Деца – 300 денари
А покрај апиинхалацијата, нашите гости често си понесуваат и дел од богатството што го создаваат нашите пчели – мед, прополис, полен, матичен млеч и природни мешавини со мед. 🍯
➡️ Апикомора ДУКОВИ – с. Подлес, Општина Градско, под планината Клепа
Тука доаѓаат луѓе од блиску и далеку, но сите си заминуваат со едно нешто заедничко – убав спомен од едно поинакво природно доживување. ❤️
Ви благодариме на сите што нè посетивте оваа недела.
Ви благодариме за довербата, убавите зборови, препораките и насмевките. 🐝❤️
Вашата доверба е нашата најубава реклама.
Добредојдени сте сите добронамерни луѓе!
🍯🐝 Апикомора ДУКОВИ – местото каде природата дише заедно со вас. ❤️
📞 078 300 612