Општина Велес воведува нова манифестација. Напролет за прв пат во градот ќе се одржи „Скаријада“. Целата е да се презентира автентичниот вкус на велешката скара по која градот е нашироко познат.
Градоначалникот Славчо Чадиев денес на пресконференција соопшти дека има предложено амандман до Советот на Општина Велес за да се издвојат средства од ставката манифестации за „Скаријадата“. Првично се посочува локацијата во центарот на градот, кај паркинг просторот пред Основниот суд. Најверојатно манифестацијата ќе се одржи на овој простор и ќе трае два дена.
-„Воведуваме нова манифестација. По состаноците со угостителите добивме такво барање. Тоа ќе биде скаријада. Угостителите веруваат дека ќе има значителен интерес. Ќе се одржува нарплет во април или мо мај. Затоа и ние се одлучивме за оваква манифестација. Јас предложив амандман со кој ќе се направи организацијата подобра.” – истакна градоначалникот Славчо Чадиев.
Успешната реализација на минатогодишните „Питијади” е доказ дека Велес може да биде добар организатор на овие настани и уште подобар домаќин на сите гости и посетители.